Пораешниот светски тениски рекет број еден Американецот, Џими Конорс размислуваше за тоа што моментно најдобриот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз игра многу егзибициски натпревари и тоа подоцна да остави трага на неговите резултати на АТП турнирите.
Шпанецот учествуваше на Лејвер Купот во Сан Франциско, потоа на Слемот „шест кралеви“ во Ријад, но потоа на Мастерсот во Париз загуби веќе во второто коло и тој неуспех речиси го чинеше првото место на светската листа. Потоа, поради повреда, се повлече од Дејвис Купот, каде што Шпанија сигурно ќе ја освоеше титулата со него.
Алкараз веќе има закажани три егзибициски натпревари пред почетокот на новата сезона на Австралија Опен. На почетокот на декември игра во Њу Џерси против Франсис Тиафо, додека во Мајами негов ривал е Жоао Фонсека. На 10 јануари треба да игра со Јаник Синер во Јужна Кореја.
– Да, ова е време да се заработат многу пари. Како да не беше доволно веќе – се пошегува легендарниот Џими во подкастот што го води со својот син Брет, за најдобриот тенисер на светот. – Повеќе е секогаш подобро. Ќе биде интересно да се види дали ќе игра повеќе егзибициски натпревари и ќе пристигне во Австралија уморен.
Поради неговата популарност, Алкараз стана магнет за навивачите. Каде и да се појави, ги полни стадионите и затоа организаторите на егзибиции го повикуваат насекаде. Заработката е многу висока и тој или неговите менаџери и родители се чини дека не знаат како да кажат „не“. Алкараз веќе потпиша договор за играње на Лејвер Купот следната година во Лондон. Досега, само тој и Тејлор Фриц го сториле тоа.
– Подоцна ќе каже дека играл многу егзибициски натпревари, дека многу патувал. Можеш да заработиш многу пари, но потоа да изгубиш во второто коло во Мелбурн – предупреди Конорс, рекордерот со 109 АТП титули.












