
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен, а со трофејот дојде и до богата награда од 4,15 милиони австралиски долари (околу 2,43 милиони евра), но нема да ги добие сите пари.
Оваа награда е најголема во историјата на турнирот досега и во однос на минатата, има зголемување од 19 %. Сепак, Алкарас ќе мора да врати дел од средствата, кои ќе одат директно во буџетот на државата.
Данокот што треба да го плати тој не го одредуваат тениските федерации, туку државата. Во Австралија, тој изнесува 32,5 %. Тоа е 1,3 милиони австралиски долари или 790.000 евра.











