
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз веднаш по освојувањето на трофејот на АТП турнирот во Токио, донесе неочекувана одлука. Младиот шпански тенисер ќе го скокне Мастерсот во Шангај и со таа одлука ја разочара публиката.
„Многу сум разочаран што морам да соопштам дека се повлекувам од Мастерсот во Шангај. За жал, веќе некое време се борам со физички проблеми и по разговор со мојот тим одлучивме дека најдобро е да се одморам и да се опоравам“, изјави Алкараз.
Турнирот во Шангај ќе се игра од 1 до 12 октомври. Трофејот на овој турнир ќе го брани Јаник Синер кој во отсуство на Алкараз ќе биде прв носител.