Вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу „Алкалоид“ и шампионот „Еурофарм „Пелистер“ заврши нерешено, 33:33.
За „Алкалоид“ ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на домашен терен, додека пелистерци по двете стартни победи го бележат првото реми.
На табелата води „Вардар“ со максимални шест бода, а „Еурофарм Пелистер“ има пет, следуваат „Бутел“, „Алкалоид“ и „Пролет“ со по четири бода.
Фото:П.Стојановски