Екипата на Алкалоид по долго чекање конечно го доби европскиот трофеј од Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
Заради неодиграниот дуел во Скопје, ЕХФ имаше работа и титулата ја додели на „зелена маса“. Пехарот на Алкалоид му го додели Божидар Ѓурковиќ, претставник на ЕХФ.
За Алкалоид, ова е трет освоен трофеј во историјата, по Суперкупот и Купот на Македонија.
Воедно, тимот на Лазаров е трет македонски клуб со европска титула во ракомет, по Вардар (двократен европски првак) и Кометал Ѓорче Петров.