Во хитот “Pediculis Pubis“ не се зборува за мене – тоа е само шега!
Добро познатата кантавторка, но и водителка, и текстописец за забавните песни, контровезната Алка Вуица проговори деновиве за шпекулациите дека нејзиниот поранешен, наводно љубовник, мега познатиот музичар Горан Бреговиќ, ѝ ја посветил песната „Pediculis Pubis“, која стана хит. Алка истакнува дека Бреговиќ ја напишал таа песна пред се да се смеат и двајцата, а не да тагуваат. Така и бидна. Песната им останува за забава и доброто расположение.
– Најпрво да расчистиме дека во песната не се зборува за мене, вели Алка. Не знам од каде доаѓа таа глупавата приказна? Знам дека ја направил песната како шега, како зафрканција, а не дека мене ми ја посветил. На крајот на краиштата, јас никогаш не сум ги имала тие пицајзли, за да можев да му ги пренесам на Бреговиќ, урнебесно раскажа поп-пејачката. Но, кога Горан ја напиша песната “За Есма“ ми беше многу чудно. Отворено му кажав онака лута дека песната требаше да се вика “За Алка“. Ми одговори дека ако се викаше така тогаш сите би се посомневале во нашето пријателство на другар и другарка, на маж и жена. Ќе мислеа дека сме навистина љубовници.
-Има и една многу позната и омилена песна која ја пее Јосипа Лисац, а буквално е посветена на другарска врска помеѓу мене и Бреговиќ. Песната се вика “Таму каде што Дунав го бакнува небото“. (Д.М.) фото:архива












