Алиу: Во тек се преговори со Италија и Австрија за обука на наш кадар

14

Македонски лекари и сестри освен во Словенија ќе се едуцираат во Италија и Австрија, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

“Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктуира и човечки капацитети. Исто така, дигитализацијата ќе асистира за нашите доктори и експерти кои живеат во странство да можат активно да се приклучат во нашиот здравствен систем. Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце”, изјави Алиу.

Во врска со недостигот на специјалисти во амбулантите во Скопје, Алиу изјави дека се работи и веќе има работна група за национална стратегија за создавање на човечки ресурси во здравството.

“Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време по креирање доволно модерна инфраструктура ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри”, рече Алиу.

На прашањето за недостигот на специјалисти во Скопје, Алиу одговори дека постои “life апликација” и дека може да се пристапи до веб-страницата на Министерството за здравство за да се видат информациите.

“Тоа е процес, кој е во континуитет. Се храни со податоци, колку доктори има, медицински сестри и технички кадар. За жал вие имате потполно право. Ние сме свесни дека има недостаток на здравствени услуги за граѓаните и заради инфраструктурна гледна точка и заради недостаток на доктори и медицински сестри.”

Тој додаде: “Знаете дека капцитетот не може да се креира за еден ден и треба време. За жал здравството е менаџирано ад кох, со ад кох решенија, а единствен ресор кој не бара ад кох решенија е здравството. Вие морате да проектирате за 10 години и инфраструктура и човечки капацитети. Ние впрочем тоа и го правиме. Веќе правиме национална стратегија за човечки капацитети и ќе знаеме за 10 години колку ќе имаме студенти, колку паралелки ќе имаме во средното медицинско училиште за лаборанти и за техничари и ќе може да проектираме понатаму каде и каков тип на професионалци ни треба”, заклучи Алиу.

ИЗДВОЕНИ