Министерството за здравство Азир Алиу, истакна дека нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови. Тој ова го кажа по повод Меѓународниот ден на ретките болести – 28 Февруари, Алиу посочи дека е сменета процедурата како да се стигне до лековите за пациентите со ретка болест и оти постапката ќе биде тригодишна.
– Првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка. Секоја година пациентите со ретка болест со задоцнување ги добиваа лековите или, за жал, чекаа по една недела или еден месец. Земајќи го предвид моментот дека пациентите се млади, а лековите се поврзуваат со тежината на пациентот, многу тешко е да се направи анализа која ќе биде точна за бројот на пациенти што ќе бидат опслужени во текот на целата година. За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години. Во случај ако се трошат повеќе од количините што ги има државата, ние да имаме време да отвориме друга постапка, се со цел граѓаните да ги добиваат лековите навреме. Тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку што имаме потреба во државата, посочи Алиу.
Тој порача оваа категорија граѓани и нивните семејства да бидат спокојни затоа што државата и Министерството за здравство, како што вели, нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за лекови.












