недела, февруари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Алиу: Најмалку шест од десет процесуирани компании се во постапка за одземање...

Алиу: Најмалку шест од десет процесуирани компании се во постапка за одземање на лиценците за одгледување медицинска марихуана – во вторник ќе бидат познати во јавноста

18

Од досега процесуирани десет компании што имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.

– Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – изјави Алиу.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на Министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката сѐ уште е во тек.

На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

Алиу нагласи дека дека ќе се менуваат правилниците за регулирање на оваа дејност.

ИЗДВОЕНИ