Алиу: Десет кардиохируршки операции биле непотребно извршени

155

Десет кардиолошки и кардиохируршки операции биле непотребно извршени и пациени биле непотребно упатени на нив, објави утринава министерот за здравство Азир Алиу.

На прес конференцијата со членовите на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции тој рече дека Комисијата ги третирала 25 пријавени случаи.

-Од тие случаи шест се упатени на натамошен третман кај ДЗСИ, а останатите 19 се анализирани. Во 10 се утврдени дека непотребно се изведени операциите или дека пациентите биле непотребно упатени на операции – рече Алиу.

Тој не објасни во кои здравстевни институции биле извршени ваквите операции.

Претседателот на Комисијата Жарко Христовски рече дека следат дополнителни активности.

-Втората фаза е навлегување во институциите  за да се направи дополнителна анализа и да се донесе соодветна стратегија. Кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка на секој случај инфорамцијата ќе биде доставена до надлежните институции – рече тој.

Комисијата натаму ќе продолжи со утврдена метотологија и по што ќе даде конечен извештај.

-Ова е прелиминарен извештај по кој следи средба со тројца странски експерти и по што ќе се направи конечен извештај. Тој ќе биде основа за дефинирање на нашите политики – најави министерот Алиу.

Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кедев во август годинава изјави дека има докази дека приватни болници оперирале без потреба, за профит. Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) тогаш информираа дека во 2024 година во јавни и приватни болници и клиники биле исплатени околу 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции.

ИЗДВОЕНИ