Македонкската ММА борачка Даниела Алексовска ја предаде полуфиналната борба на Светското првенство што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Во полуфиналната борба Алексовска беше поразена од Нармин Алијева од Азербејџан, откако во втората рунда беше приморана да ја предаде борбата. Алексовска ја имаше контролата на натпреварот, беше поагресивна и имаше повеќе удари во првата рунда, но Алијева успеа да ја совлада со зафат што ја принуди нашата натпреварувачка да се предаде.

На тој начин Алексовска освои бронзен медал, додавајќи уште едно признание во својата колекција по златото од Европското првенство во февруари оваа година.

ИЗДВОЕНИ