Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е пред потпис за шпанскиот гигант Реал Мадрид, пишуваат светските медиуми.
Мадрид, со новиот тренер Чаби Алонсо, бара централен напаѓач и моментално разгледува неколку имиња. Покрај Александар Митровиќ, меѓу другите се споменуваат и Анте Будимир, Патрик Шик…
„Дефенса централ“, порталот што редовно ги следи случувањата во Реал Мадрид, објави дека Алонсо веќе го пикирал Митровиќ.
- Алонсо брзо сфати дека му е потребен централен напаѓач и го извести Одборот. Еден од играчите што би одговарал на неговите потреби е ѕвездата на Ал Хилал. Зборуваме за Александар Митровиќ, триесетгодишниот српски напаѓач – наведува порталот.
Реал Мадрид и Ал Хилал го одиграа својот натпревар од Светското клупско првенство во Америка, натпреварот заврши 1:1, а Александар Митровиќ не беше во составот поради повреда.