Градот Скопје објави дека за нов директор на ЈП Комунална хигиена Скопје е назначен Александар Јовановски кој доаѓа од позицијата инспектор од Секторот за инспекторат, а претходно имал искуство и во Секторот за локален економски развој.
-Јовановски има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје, соопштија од Градот.
Назначете директор да потпише набавка на нафта за собирачите на отпад












