„Александар јава на запад“ е најновото дело на македонскиот писател Венко Андоновски, кое деновиве излезе од печат во издание на издавачкиот центар „Три“.
-Андоновски е автор, меѓу другото, на две книги поезија, три книги раскази, пет романи, еден прирачник за креативно пишување, 18 (изведени) театарски пиеси и едно сценарио за игран филм. И покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“не припаѓа во ниту една од овие категории. Станува збор за фасцинантна фарса и ведра гротеска напишана со брутална смелост и пародиски означена со жанрот „чекајќи роман“. Со овој „нов жанр“ Андоновски се разликува од самиот себеси и од сè што досега напишал како романсиер, а истовремено потсетува на сјајните моменти од неговите комедии и фарси, кои беа хитови цели две децении на нашите театарски сцени. Во романот се случува еден необичен настан – оживуваат два споменика на скопскиот плоштад, оној на Александар и оној на Гоце Делчев, па тргнуваат да видат како денес изгледа светот…, посочува издавачот.
Од издавачкиот центар „Три“ најавуваат промоција на „Александар јава на запад“ на почетокот на декември.
Венко Андоновски е еден од најчитаните домашни автори во Македонија и веќе преведен на десетина јазици, меѓу кои на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.




![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-450x300.jpg)



![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-218x150.jpg)



