Денеска стартува новата натпреварувачка сезона за скијачите. На програмата се брзинските дисциплини, а прво ќе се вози супервелеслалом на Купер Маунтин во САД. Тоа ќе биде првата нетехничка дисциплина во новата 2025/26 сезона.
Но, пред американската турнеја пристигна изненадувачка вест. Имено, норвешкиот скијач Александар Амод Килде (33) планира да се врати на патеките по речиси две години пауза поради сериозна повреда. Килде имаше несреќен пад во Венген во јануари 2024 година и повреда што го одвои од патеките речиси две години. Тој закрепна по операцијата на коленото, но потоа се појави инфекција на рамото, па мораше да ја продолжи паузата. Сега планира да се врати порано од очекуваното.
- Ако скијам денеска, тоа е бонус за мене. Постои возбуда околу враќањето, но исто така и одредена претпазливост и стрес по сè, ќе видиме што ќе се случи, порача Килде.
Килде е повеќекратен добитник на Малиот кристален глобуси во Светскиот куп и добитник на Големиот кристален глобус во 2020 година. Тој има вкупно 48 подиуми на Светскиот куп во својата кариера, од кои 21 се победи.











