
Како што информираат медиумите кои важат за блиски до италијанскиот калчо гигант Милан, предводникот на „росонерите“, Масимилијано Алегри, веќе дал зелено светло за продажба на мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименез. Робусниот напаѓач и во актуелната сезона игра под очекуваното ниво, а моментално најголем интерес за неговите услуги покажува англискиот премиерлигаш Сандерленд.











