
Предводникот на италијанскиот калчо гигант Милан, Масимилијано Алегри, побарал од клупските челници да ангажираат нов напаѓач и нов искусен дефанзивец за време на зимскиот преоден рок, открија фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров. Истите додаваат дека Алегри е убеден дека Милан со неколку квалитетни засилувања може да биде конкурентен на тимовите кои се борат за шампионската титула.











