Албанската актерка Анила Биша поднесе тужба против албанската влада за недозволено користење на нејзиното лице и глас за време на создавањето на Диела, министерка создадена со помош на вештачка интелигенција.
Премиерот Еди Рама ја претстави Диела во септември 2025 година, наведувајќи дека се работи за министерка дизајнирана од вештачка интелигенција да биде неподмитлива и ефикасна во владините набавки.
Оттогаш, Диела стана позната како првата виртуелна министерка во светот.
Анила Биша тврди дека нејзиниот договор со властите ја вклучувал само платформата е-Албанија и дека истекол на 31 декември, и дека нејзиниот лик и глас се користат нелегално.
Актерката го тужеше Советот на министри, лично Рама, приватната компанија со која имала договор, како и Националната агенција за информатичко општество (AKŠI), тврдејќи дека тие нелегално продолжиле да го користат нејзиниот лик и глас и ѝ предизвикале „неповратна штета“.
Биша, исто така, побара владата да престане да го користи нејзиниот лик додека не се реши прашањето. Нејзината тужба ја објавија локалните медиуми, објавува „Политико“.
Во септември минатата година, актерката откри дека снимала видео и аудио материјал за потребите на е-Албанија, но со ограничена употреба и рок на траење, и дека не дала дозвола да го користи за други цели.












