Албанската поп-ѕвезда Рита Ора во секси-издание на улиците на Лондон! Жешкиот изглед на летното сонце!

1406

На жешката Рита Ора дефинитивно ѝ било горештина, деновиве на почетокот на летото. Оваа Албанка со потекло од Косово (родум од Приштина), а инаку многу популарна британска поп-пејачка, многу добро знае како да привлече внимание и на публиката и на новинарите.

Во Лондон, каде што живее со своето момче и каде што деновиве владеат летните горештини, кои стасаа со африканскиот топлотен бран, згодната Рита солидно се соблече и се прошета низ градските улици на британската метропола. Се подразбира дека англиските папараци веднаш реагираа и ја сликаа Рита во таквото секси-издание. Таа за прошетка на жешкото сонце намерно одбра здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од чипка. Преку сè имаше и јакна на тие плус 35 степени. Пејачката за модата ќе жртвува сè, како и за вниманието на папараците и таблоидите кои во Велика Британија се секогаш многу читани.

Својот моден изглед Рита го доопреми со розови сандали кои имаат необични пердуви. Тука се очилата за сонце за уште подобар впечаток. Сепак вниманието на луѓето беше свртено во нејзините гради и градникот сосе  извајаните стомачни мускули.              Се забележува дека Рита редовно ја посетува и фитнес-салата каде што ја одржува својата мускулатура. Не за џабе важи за една од најзгодните на музичката сцена.

Од како е отселена од Косово, таа има и поинаква исхрана. За разлика од родниот крај, исхраната не содржи месо, сувомесни производи, маснотии, леб и тестенини. Сега е на исклучиво (здрава) исхрана составена само од разновидни салати, ореви, кикирики, бадеми, лешници….во комбинација со фитнес-вежбите. Фантастичните резултати се тука пред нас. Браво за Рита!   (Д.М.) фото:Инстаграм

ИЗДВОЕНИ