Албанска пратеничка дојде со нејзиното бебе старо 38 дена на седница на Парламентот/ФОТО

186

Пратеничката од Социјалистичката партија во албанскиот парламент, Илва Ѓузи, присуствуваше на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, држејќи го цело време во рацете своето бебе старо само 38 дена.

„Јас сум професионалец, пратеничка во парламентот, но пред сè сум мајка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, ќе се грижам и за него“, изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.

Таа изрази задоволство што албанскиот парламент „го разбира мајчинството како должност што не е одвоена од реалноста“ и дека, како што рече, се чувствувала добредојдена, пренесува Танјуг.

„Имавме важни прашања на дневен ред и мојот син го доби своето внимание. Бебето ќе биде со мене на претстојните комисии и седници. Не ми недостасува поддршка, имам сопруг и многу добра свекрва. Поентата е дека во овие рани фази од животот, бебето треба да биде со мене. Подоцна, грижата за неа ќе ја препуштам на мајка ми“, рече таа.

Таа изјави дека нејзиниот син Бљини денеска не ја вознемирил.

„Дури сум смирена што е со мене“, рече Џузи.

ИЗДВОЕНИ