Албанија за шест месеци ја посетиле рекордни 4,76 милиони туристи

33

Албанија бележи континуиран раст на бројот на странски туристи, што ја потврдува нејзината сè поголема популарност како туристичка дестинација.

Премиерот Еди Рама објави дека во првата половина од годинава земјата ја посетиле повеќе од 4,76 милиони странски државјани.

Тој истакнува дека овие бројки укажуваат на „стабилизиран раст на дојдовните текови и на одржлив баланс во управувањето со туристичката понуда“.

– Престојот на 1,32 милиони странски посетители само во јуни е плод на успешната работа и на зголемената одговорност на сите во следењето на летната туристичка сезона – потенцира албанскиот премиер.

Поконкретно, во јуни 2023 година Албанија ја посетиле 1.007.033 странски туристи, додека во јуни 2024 година ја посетиле 1.244.967 странци. Во јуни годинава Албанија ја посетиле 1.329.204 странски туристи, што е за седум отсто повеќе во споредба со јуни 2024 година. Споредувајќи го периодот јануари – јуни 2023 година, тој наведува дека биле регистрирани 3.396.932 странски туристи, додека во тој период следната година имало 4.547.896.

Според Рама, во периодот јануари – јуни 2025 година резултатот бил 4.761.648, што е за пет проценти повеќе во споредба со тој период минатата година.

 

ИЗДВОЕНИ