сабота, јануари 31, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Албанија со најниска минимална плата во Европа

Албанија со најниска минимална плата во Европа

128

Албанија има најниска минимална плата не само во регионот туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на „Евростат“.

Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот од јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Следна на ред е Србија со 618 евра и Македонија со 584 евра. Во двете федерации на Босна и Херцеговина, бруто минималната месечна плата се движи од 500 до 660 евра.

Во Албанија, минималната плата нема измени од 2023 година, што укажува дека куповната моќ се намалила поради повисоките цени, особено на храната, на која се трошат околу 40 проценти од приходите, посочи „евроњуз.ал“.

Во Европската Унија, според „Евростат“, највисока минимална плата има во Луксембург – 2.700 евра, во Германија – 2.160 евра, во Бугарија – 550 евра.

ИЗДВОЕНИ