Албанија со најниска минимална плата во Европа

147

Континуираното зголемување на минималната плата во Албанија не успеа да ја тргне земјата од дното на листата во Европа, особено кога станува збор за куповната моќ.

„Евростат“ ги објави првите податоци за минималната плата во Европа за 2025 година, кои покажуваат дека во Албанија минималната плата достигнала 405 евра. Таа, во втората половина на 2023 година, изнесувала 376 евра, објавија албанските медиуми.

Наведуваат дека минималната плата во Албанија останува пониска од онаа во Србија, која изнесува 619 евра, и од онаа во Црна Гора, која изнесува 670 евра.

Иако е зголемена, платата во Албанија вреди помалку, поради високите трошоци за живот. Врз основа на куповната моќ, минималната плата била најниска во Европа на почетокот од 2025 година.

ИЗДВОЕНИ