Албанија го назначи првиот министер управуван од вештачка интелигенција во светот – Диела ќе биде задолжена за сите јавни набавки во земајта

58
epa11782080 Albania's Prime Minister Edi Rama arrives at a press conference following the EU-Albania Intergovernmental Conference at the European Council in Brussels, Belgium, 17 December 2024. The third Accession Conference with Albania serves to open negotiations with Albania on external and foreign relations, security and defense policy. EPA/OLIVIER MATTHYS

Албанија стана првата земја во светот што има виртуелен министер направен од пиксели и код, управуван од вештачка интелигенција. Премиерот Еди Рама во четврток објави дека „министерката“ по име Диела, што на албански значи сончева светлина, ќе биде задолжена за сите јавни набавки во земјата, објави Н1.

Во текот на летото, Рама велеше дека Албанија еден ден би можела да има дигитален министер, па дури и премиер заснован на вештачка интелигенција, но малкумина веруваа дека тоа ќе се случи толку брзо.

На собранието на Социјалистичката партија во Тирана, каде што премиерот најави промени во својот кабинет, тој ја претстави и Диела – единствениот нечовечки член на владата.

„Диела е првиот член на владата кој не е физички присутен, туку виртуелно создаден преку вештачка интелигенција“, им рече Рама на колегите од партијата.

Тој објасни дека одлуките за тендерите ќе бидат донесени од ресорните министерства и префрлени во надлежност на Диела, која ја нарече „слуга на јавните набавки“. Процесот, нагласи тој, ќе биде постепен, но целта е Албанија да стане земја каде што јавните тендери се „100 проценти без корупција“ и „целосно транспарентни“.

„Ова не е научна фантастика, туку задача на Диела“, нагласи премиерот.

Виртуелната министерка е веќе позната на албанските граѓани преку платформата е-Албанија, преку која повеќето административни услуги се извршуваат дигитално. Диела има и свој аватар, прикажана како млада жена во традиционална албанска носија.

Според најавата на Рама, Диела ќе ги оценува тендерите, ќе има овластување да ангажира експерти од целиот свет и ќе го растера „стравот од предрасуди и ригидност на администрацијата“.

Корупцијата, особено во јавната администрација и секторот за јавни набавки, долго време е еден од најголемите предизвици на Албанија. Во своите годишни извештаи за владеењето на правото, Европската унија редовно го нагласуваше проблемот со неправилностите и нетранспарентноста во овој сегмент, според Политико.

Еди Рама освои историски четврти мандат во мај 2025 година, ветувајќи дека Албанија ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година.

ИЗДВОЕНИ