Алармантно е во Турција, пустошат пожари: Борба со огнената стихија веќе два дена

158

Втор ден по ред, пожарникарите во Турција се борат со шумски пожари што беснеат во покраината Измир, на западот од земјата, соопшти денес турското Министерство за шумарство.

Шумските пожари во областите Кујуџак и Доганбеј во Измир беа дополнително разгорени од ветрови со брзина од 40-50 километри на час, што предизвика евакуација на четири села и две населби, изјави министерот за шумарство Ибрахим Џумакли, пренесува Ројтерс.

„Хеликоптери, противпожарни авиони, противпожарни возила и повеќе од илјада луѓе се обидуваат да ги изгаснат пожарите“, изјави Јумакли за новинарите во Измир.

Крајбрежните региони на Турција беа опустошени од шумски пожари во последниве години, бидејќи летата станаа потопли и посуви, што научниците го поврзуваат со климатските промени.

ИЗДВОЕНИ