Аларм на небото за време на летот на Трамп: Протекоа разговори од контролата на летање и пилотот!

23

Патнички авион на компанијата „Спирит ерлајнс“ добил серија драматични предупредувања од контролата на летање да „обрне внимание“ и веднаш да го промени курсот откако се приближил премногу блиску до „Air Force One“ над Њујорк во вторникот. Во авионот летал американскиот претседател Доналд Трамп, кој одел во официјална посета на Обединетото Кралство.

„Обратете внимание. Оддалечи се од твојот iPad“, беше строгата порака до пилотот на „Спирит“ додека неговиот авион леташе само 8 милји паралелно со Air Force One.

Иако авионите технички не спаѓаа во она што Федералната администрација за воздухопловство (FAA) го смета за небезбедно, нивната близина беше доволна за да се подигне тревога кај контролорите на летање.

На аудио-снимка до која дошла Би-Би-Си, може да се слушне како контролорите постојано и итно им наредуваат на екипажот на Ербас А321 да одржуваат растојание.

„Спирит 1300 свртете 20 степени надесно“, рекол контролорот.

„Внимавајте! Спирит 1300 свртете 20 степени надесно. Спирит 1300 свртете 20 степени надесно, веднаш! Спирит 1300 свртете 20 степени надесно, веднаш!“

Откако пилотите потврдија дека ја примиле пораката, контролорот додаде:

„Внимавајте. Спирит 1300 од вашето лево крило на осум милји, авион Боинг 747. Сигурен сум дека можете да видите кој е… Внимавајте на него – тој е бел и син“, алудирајќи на препознатливите бои на претседателскиот авион.

Летот 1300 на „Спирит“ патувал од Флорида до Масачусетс. Авиокомпанијата соопшти дека безбедноста е секогаш нејзин врвен приоритет.

„Летот ги следеше процедурите и упатствата за контрола на летање и слета без инциденти како што беше планирано во Бостон“, изјави портпаролот на „Спирит“ за Си-Би-Ес.

ИЗДВОЕНИ