Ракометарите на РК Алкалоид преку квалификации ќе бркаат место во групната фаза од Европската лига, каде што ќе се натпреварува и вицешампионот на Македонија, тимот на Вардар.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, извлекувањето го дочекаа од вториот шешир и беа под ризик да играат со тимови како Брага, Горење, Хановер… Среќата не беше на страната на македонскиот тим затоа што го доби токму бундеслигашот Хановер за противник на патот кон групите во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

Двомечот ќе се одигра на 30/31 август, односно 6/7 септември. Алкалоид доаѓа во Европската лига како освојувач на ЕХФ Купот и со „вајлд-карта“.

ИЗДВОЕНИ