Поранешниот американски тенисер Енди Родик, истакана дека Карлос Алкараз е најголемиот кандидат за освојување на претстојниот Вимблдон, кој ќе се игра од 30 јуни до 13 јули во Лондон. Шпанецот доаѓа на „Ол Ингланд Клаб“ со серија од 18 победи и три титули во низа – Рим, Ролан Гарос и Квинс. Според Родик, дури и без трофејот од минатата недела, би бил прв фаворит.
„Мислам дека тој е голем фаворит, јас не би се обложил против него. Секако, сè може да се случи. Јаник Синер повторно ќе биде во комбинација, не смееме да заборавиме – тој е сè уште број еден на светот. Најдобар е веќе подолго време, особено на тврдите подлоги. Да не се занесуваме со овие резултати, но Карлос беше фаворит на Вимблдон и пред Квинс, и останува фаворит и сега. Мислам дека никој нема нешто против тоа“, изјави Родик.