Сеќавања на најсилно! 

Неодамна, маестро Горан Алачки сподели стара носталгична фотографија на која е со уште една наша голема музичка ѕвезда, од времето на поранешната Југославија и од времето на нашиот омилен „Валандово фолк-фест“.

И самиот не знаел дека фотографијата ќе привлече до толку огромно внимание не само кај нас новинарите, туку и кај сите оние што имаат ФБ-профил. Фотографијата е со датум од 1989 година, од нивната заедничка премиерна изведба на многу слушаната песна „Дојди Лено на перниче бело“. Притоа се гледа како Алачки на хармоника го придружува Мијалковски додека тој ја пее легендарната песна. Таа година, песната триумфално победи на „Валандово фолк-фест“ и остана да се слуша до ден-денес на свадби, родендени, крштавки, седенки….   Колеги и пријатели, Горан и Драган         

Навистина има заразен рефрен! А, за самото пеење на Мијалковски не треба да коментираме, иако се работи за фолк-песна. Сеедно, тој подеднакво добро пее и забавно и народно. И овој мај, Мијалковски повторно ќе пее (нова) народна песна „Крушата на татко ми“. И тоа на веќе омилениот фолк-фестивал „Владимирово“.        Токму таа песна како, и останатите 11, ќе имаме можност премиерно да ги слушнеме на ВИП-пресот закажан за естрадните новинари и музичари, на 1 март од 12.00 часот, во скопскиот ресторан „Скај-бар-Панорамика“.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ