Поранешниот член на Бостон, Ал Хорфорд, е главна цел на франшизата од Сан Франциско, која ги гледа неговото искуство, лидерските квалитети и, сепак, одличните кошаркарски вештини како идеално решение под кошот. Сепак, 39-годишникот од Доминиканската Република се двоуми, пензија или уште една сезона. Пензионирањето и заслужената пауза по 18-годишна НБА-кариера полна со индивидуални и тимски успеси не звучат лошо, но одлуката е негова.

Хорфорд во 2007 година беше избран од третото место на драфтот од страна на Атланта. Тој остана во Џорџија цели девет години, а периодот од 2016 до 2019 година премина во Бостон. Потоа следуваше едносезонски престој во Филаделфија и Оклахома, пред да се врати во Масачусетс од 2021 до 2025 година. Искусниот кошаркар освои шампионски прстен со Селтикс во 2024 година, а пет пати беше избран за учесник во Ол-стар настанот (2010, 2011, 2015, 2016, 2018). Тој најде место во третиот тим на најсилната лига во светот во 2011 година, додека беше вклучен и во вториот идеален дефанзивен тим во 2018 година.

ИЗДВОЕНИ