На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои: 7 се активни, 4 се под контрола, 5 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
• Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
• Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
• Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
• Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)
• Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
• Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
• Општина Шуто Оризари – ул. Брсњачка Буна (ниска вегетација)
+ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
• Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
• Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
• Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)
• Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:
• Општина Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и отпад)
• Општина Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)
• Општина Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)
• Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)
• Општина Долнени – с. Горно Село (ниска вегетација)