Активни пет пожари во земјава, шест под контрола, информираше ЦУК

27

На 21.07.2025 година, до 21:00 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари, информираат од ЦУК.

5 се активни,

6 се под контрола,

18 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

• Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

• Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

• Општина Македонски Брод – помеѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

• Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

• Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:

• Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)

• Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

• Општина Дојран – с. Николич (мешана шума)

• Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

• Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)

• Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и ниска вегетација)

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:

• Општина Студеничани – с. Студеничани (ѓубре)

• Општина Шуто Оризари – с. Визбегово (сува трева)

• Општина Прилеп – с. Торајци (сува трева)

• Општина Долнени – с. Горно Село (ниска вегетација)

• Општина Струмица – с. Дабиле (стрниште и ѓубре)

• Општина Гевгелија – с. Прдејци (ѓубре и сува трева)

• Општина Кичево – населба Осој (ѓубре)

• Општина Велес – с. Оризари (вегетација)

• Општина Свети Николе – автопат Свети Николе – Штип (сува трева)

• Општина Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и ѓубре)

• Општина Куманово – с. Речица (сува трева)

• Општина Куманово – кај ресторан Аркус (сува трева)

• Општина Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)

• Општина Липково – с. Оризаре (сува трева)

• Општина Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)

• Општина Брвеница – с. Теново

• Општина Желино – с. Стримница (нискостеблеста шума)

• Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)

ИЗДВОЕНИ