Брендот Moncler нè изненади – и тоа на најнеочекуван можен начин. Во својата најнова кампања насловена „Warmer Together“, италијанскиот бренд за зимска облека ги претстави актерските легенди Роберт Де Ниро и Ал Пачино.
Ова е нивна прва заедничка модна кампања, која е посветена на нив, на годините пријателство што ги краси и дефинира, но и на топлината – не само физичка, туку и емоционална.
Кампањата е снимена во Њујорк во црно-бело, под окото на познатиот фотограф Платон, кој беше посветен на прикажување на темата за пријателство, почит, доверба – вредности што Moncler сака да ги истакне како јадро на својата бренд филозофија.
Kлучните парчиња од колекцијата се класични, прошиени модели на јакни и нова скратена јакна со качулка, дизајнирана да штити од студот без да биде премногу тешка. Јакните се стилизирани на модерен и елегантен начин со потребната функционалност.
Ремо Руфини, претседател и извршен директор на Moncler, нагласува дека оваа кампања не е само промоција на производ, туку прослава на вредностите што го дефинираат брендот: пријателство, топлина, љубов и поврзаност.
View this post on Instagram