Актерот Семјуел Френч почина на 45-годишна возраст – не ја дочека премиерата на најновиот филм

93
Фото: Instagram

Самуел Френч, актер од Тексас кој доби признание за играњето на тајниот агент на ФБИ, Си-Џеј Робинсон, во филмот на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“, почина на 45-годишна возраст.

Веста за неговата смрт прв ја објави Пол Синакор, режисерот на најновиот филм на Френч, „Towpath“, кој сè уште не е објавен.

Според извештаите, актерот починал минатиот петок во болница во Вако, Тексас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samuel French (@samuelfrenchactor)

Според „Холивуд репортер“, Самуел Френч ја загубил битката со ракот кој се проширил низ неговото тело во последните години.

„Самуел беше драг пријател и неверојатен актер. Тој го носеше жарот на глумата во секој кадар – искрен, бестрашен, жив. Се посветуваше целосно на секој проект“, рече Синакор.

„Длабоко сум трогнат од неговата смрт и посакувам да можеше да ја види финалната верзија на филмот. Тој беше посебен и засекогаш ќе биде во нашите срца. Моите мисли се со неговото семејство, особено со неговата ќерка, за која често зборуваше со гордост и нежност.“

ИЗДВОЕНИ