Познатиот актер, кој ќе го игра Рид Ричардс (Господин Фантастик) во претстојниот филм на Марвел „Фантастична четворка“, за прв пат отворено им одговори на критичарите кои тврдат дека е „премногу стар за да игра суперхерој“.
Актерот, кој неодамна го прослави својот 50-тиот роденден, открива дека овој бран негативни коментари го погодил повеќе отколку што сакал да признае.
„Понекогаш надворешниот свет ве наоѓа, без разлика колку се трудите да се заштитите… И тоа едноставно оди со работата“, изјави Паскал за „АП њуз“.
На настанот „Фантастична четворка: Први чекори“ во Лондон, Паскал призна дека нервозата била поголема отколку со претходните проекти, токму поради големата љубов на фановите кон оригиналните ликови.
„Можеби овој пат моите нерви беа поиздржливи од вообичаено, бидејќи чувствувам колку овие приказни им значат на луѓето. Тие дури и не би постоеле ако не беше нивната љубов кон овие херои. Знам колку се големи очекувањата и затоа сакам да дадам сè – срце, тело, душа… Сè што имам“, додаде Паскал.
И додека некои на социјалните мрежи се шегуваат за неговите години, Паскал не гледа ништо лошо во тоа да игра суперхерој на 50 години.
„Ова е најдобриот период од мојот живот. Погледнете околу мене – сè што ми се случува е неверојатно. Навистина уживам во секој момент“, рече тој оптимистички.
„Фантастична четворка: Први чекори“ премиерно се прикажува во светските кина на 25 јули.