Актерката Сандра Булок се појави во јавноста првпат по речиси една година помината во жалост по смртта на партнерот

818
Фото:принтскрин

Актерката Сандр Булок (61) е видена првпат во јавноста по речиси една година, додека вози низ Лос Анџелес.

Булок била во друштво на 15-годишниот син Луис, кој седи на предното седипте, додека нивнот верно куче ѕирка низ прозорецот.

Оскаровката ретко се појавува во јавноста откако нејзиниот долгогодишен партнер, фотографот Брајан Реднал, почина од АЛС во 2023 година.

Тие се запознаа кога таа го ангажираше да го фотографира роденденот на Луис.

Двојката имаше јавно деби на црвениот килим во 2015 година, а Булок го нарече „љубовта на нејзиниот живот“ во емисијата „Разговори на црвената маса“ во 2021 година.

Минатата година, Булок му ја исполни последната желба на Рандел и ја посипа неговата пепел во реката Снејк во Вајоминг, на денот кога требаше да полни 58 години.

Сандра го посвои Луис во 2010 година, а пет година подоцна, ја посвои и ќерката Лајла(11).

Актерката ја зачува приватноста на семејството и побара почитување на нејзината приватност за време на загубата на партнерот, заблагодарувајќи им се на лекарите и на медицинскиот тим кои беа покрај семејството за време на болеста на Рандал со болеста.

 

ИЗДВОЕНИ