понеделник, јули 13, 2026
Дома СВЕТ „Аксиос“: САД и Иран постигнаа договор, се чека уште амин од Трамп

„Аксиос“: САД и Иран постигнаа договор, се чека уште амин од Трамп

51
EPA/SHAWN THEW / POOL

Соединетите Американски Држави (САД) и Иран постигнаа договор, но американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не го одобрил, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници.

САД и Иран постигнаа договор за 60-дневен меморандум за разбирање насочен кон продолжување на сегашниот прекин на огнот и започнување разговори за нуклеарната програма на Иран, објави „Аксиос“.

Сепак, договорот сè уште треба конечно да биде одобрен од американскиот претседател, соопштија американски претставници.

Претседателот им кажал на медијаторите дека сака неколку дена да размисли за тоа, додадоа истите извори.

Според нив, ќе биде укината и поморската блокада на САД, но тоа ќе биде условено од продолжување на комерцијалниот поморски сообраќај.

САД ветија дека ќе разговараат за ублажување на санкциите и ослободување на замрзнатите ирански средства како дел од преговорите.

Меморандумот за разбирање, исто така, вклучува воспоставување механизам што ќе му овозможи на Иран да продолжи да прима стока и хуманитарна помош, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ