„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок меѓу високи американски и ирански претставници во Истанбул

758

Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, се обидоа да организираат состанок на високи американски и ирански претставници во Истанбул оваа недела, во услови на ескалација на војната меѓу Израел и Иран, но тој обид не успеа кога не можеше да се контактира со врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, кој е скриен во бункер, за да го одобри состанокот, објави американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на тројца неименувани американски функционери и еден добро информиран извор.

Изворите велат дека Трамп инсистирал на директен состанок со Иранците, па дури и понудил да присуствува доколку е потребно, со надеж дека ќе постигне договор за нуклеарната програма на Иран и ќе избегне воена интервенција на САД. Изворите велат дека Трамп и високите функционери на Белата куќа сега се помалку убедени дека е можно дипломатско решение и дека е поголема веројатноста САД да мора да војуваат за да ја елиминираат нуклеарната програма на Иран.

Трамп во четврток изјави дека во следните две недели ќе донесе одлука дали САД ќе му се придружат на Израел во војната против Иран.

ИЗДВОЕНИ