Романската пратеничка од крајна десница, Дијана Шошоача, за време на посетата на Русија изјави дека го спречила украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати во романскиот парламент во 2023 година.

  • Ако се осмели да дојде во мојот парламент, ќе му ги скршам нозете! Не смее да држи говор во мојот парламент. Зошто велам „мој парламент“? Затоа што романскиот устав вели дека ние, пратениците, сме претставници на романскиот народ и единствените што можеме да го претставуваме суверенитетот на романската нација, рече таа.

Романската политичарка ја даде изјавата за време на состанокот на Меѓународното културно здружение „Пријатели на Русија“, со кој претседаваше пропутиновиот активист Пјетро Страмеци. Таа, исто така, присуствуваше на прославата на 20-годишнината од каналот РТ, на кој рускиот претседател Владимир Путин одржа говор.

Шошоача моментално е под истрага во Романија по 11 обвиненија, вклучувајќи промовирање воени злосторства и негирање на холокаустот. Претходно, украинската безбедносна служба ѝ забрани влез во Украина во траење од три години.

ИЗДВОЕНИ