„Ако умрам ил загинам“, химната со која се слави животот, Наум Петрески му ја посвети на Андреј од ДНК  

263

Фолк-евергринот доби ново силно значење!                                                                   Наум Петрески, златното пејачко грло на македонската фолк-естрада, сега како никогаш досега. Таков впечаток се добива откако ќе ја отслушате добро познатата песна „Ако умрам ил загинам“. Оригиналната верзија е во интерпретација на легендарниот Јонче Христовски, а сега до публиката ја носи Наум. Во нова, свежа, подмладена изведба. Пред сè, за новите генерации Македонци кои треба да си ја продолжуваат патриотската традиција со патриотските чувства, како да им се крвни зрнца.

Песната е дел од популарниот патриотски проект Македонијо, во срце те носиме.      Овој пат не се пее само за татковината, туку и за пријателството, и тоа искрено, топло, трајно. Доказ за тоа е емотивното видео во кое на трогателен начин го прикажува Наум со Андреј од ДНК, кога музичарот трагично го загуби животот во пожарот во Кочани. Видеото содржи фотографии од дружбите на двајцата уметници. Посветено е токму на споменот за Андреј – како музичар, пријател, татко и човек.

Песната „Ако умрам ил загинам“ во својата нова аранжманска верзија е потпишана од маестро Николче Мицевски. Сепак, задржан е духот на оригиналната верзија со Јонче Христовски. Сега Наум Петрески, со својот препознатлив глас, ѝ дава нов живот на оваа песна која ќе остане и ќе ги надживее сите. Всушност, многумина ја доживуваат и како молитва до саканиот пријател во моментите кога тие се разделуваат, заминувајќи во борбата за ослободување на Македонија.

„…Немој да ме жалите, напијте се рујно вино…” овие стихови не се само со патриотска порака, туку и човечка желба за живот што се слави на родната грутка. (Д.М.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ