Шефот на ОН за помош Том Флечер денеска го повтори предупредувањето дека дури 14.000 бебиња би можеле да умрат во следните 48 часа доколку помошта не стигне во Газа.
„Сакам да спасам што е можно повеќе од овие 14.000 бебиња во следните 48 часа“, рече Флечер, додавајќи дека бројката е „крајно застрашувачка“, објави Би-би-си. Тој нагласи дека е неопходно „Газа да се преплави со хуманитарна помош“.
„Ова е она што го правиме, продолжуваме. Ќе биде фрустрирачки, ќе бидеме попречени и изложени на големи ризици. Но, не гледам подобра идеја од носење храна за бебиња“, рече тој, пренесе Танјуг.
Откако вчера пет камиони со помош ја минаа границата, Флечер се надева дека 100 камиони денеска ќе преминат во Газа.
Ќе биде тешко“, рече тој и истакна дека очекува пречки на секој чекор.
„Но, ние ќе ги наполниме тие камиони со храна за бебиња и нашите луѓе ќе ги преземат тие ризици“, додаде тој.
Флечер изјави дека камионите содржеле „храна за бебиња и нутриционистички производи“.