Ако нема месо, не е „шницла“: ЕП бара забрана за термините „бургер“ и „стек“ за растителни производи

67

Европскиот парламент во средата гласаше за забрана на употребата на термини како што се стек, колбас и хамбургер за производи што не содржат месо.

Пратениците го поддржаа предлогот на десницата со 355 гласа „за“ и 247 „против“ за забрана на термини како што се „вегетаријански стек“ и „вегетаријански бургер“. Сепак, за мерката треба да се преговара со европските земји.

„Станува збор за транспарентност и јасност за потрошувачите и признавање на работата на нашите земјоделци“, рече Селин Имарт, десничарската европратеничка (Европска народна партија) која го иницираше законот.

Вегетаријанските производи слични на месо доживеаја бум во последниве години, поттикнати од загриженоста на потрошувачите за здравата исхрана, заштитата на благосостојбата на животните и намалувањето на нивниот еколошки отпечаток, додека фармите за добиток се големи емисии на јаглерод.

Законот, чија цел е забрана на етикетите како „стек од соја“, ја подели десницата. Германскиот европратеник Петер Лизе рече дека е „срамно“ што Европскиот парламент посветува време на „такви глупости“.

„Не смееме да се однесуваме кон потрошувачите како кон будали. Ако на пакувањето пишува „вегетаријански бургер“ или „вегетаријанска колбас“, секој може да одлучи дали да го купи или не“, рече Лизе.

ИЗДВОЕНИ