Ако не успее да остане премиер, Орбан планира да стане претседател, по примерот на Путин и Ердоган

35
epa12419883 Hungarian Prime Minister Viktor Orban arrives at Christiansborg Castle in Copenhagen, Denmark, 01 October 2025, for an informal meeting of EU heads of state and government. EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, соочен со можноста за пораз на изборите во април, разгледува радикален план за задржување на контролата врз земјата. Тој размислува да стане претседател на Унгарија, објави „ Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори.

Орбан наводно ја истражува можноста да ја преземе претседателската функција и да го смени Уставот, со што од церемонијална, претседателот би имал најголема моќ, по примерот на Турција и на Русија. И на средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп, минатиот месец во Белата куќа, тој изјави дека воведувањето на претседателскиот систем „секогаш било на маса“ и ја пофали моќта на претседателскиот систем.

Според „Блумберг“, доколку победи неговата партија Фидес во април, тој би можел да продолжи како претседател со нови овластувања, особено во надворешната политика, додека секојдневното управување со Владата би го предал на лојален соработник. Доколку загуби, како моќен претседател би можел значително да ја ограничи способноста на Унгарците да ја вратат Унгарија на проевропскиот пат по години конфликт со Брисел. Исто така, се наведува дека Орбан би морал да го искористи моменталното двотретинско мнозинство на Фидес во Парламентот, пред априлските избори, за да преземе таков потег. Ако се случи тоа, тогаш актуелниот претседател, Тамаш Суљок, инаку кадар на Фидес, ќе треба да поднесе оставка, иако мандатот му е до 2029 година.

ИЗДВОЕНИ