Ако не сте љубител на овој здрав зеленчук, подгответе го на овој начин и ќе го смените мислењето

76
Foto: Printscreen/YouTube

Дури и да не сте љубител на прокељ, време е да му дадете уште една шанса со овој рецепт. Печен со сирење и сланина, прокељот станува вистински деликатес на кој е тешко да се одолее. За вегетаријанска верзија, едноставно исфрлете ја сланината од подготовката.

Овој едноставен прилог е готов за околу 30 минути, а наведената количина состојки е доволна за 4 лица.

Состојки
Прокељ
маслиново масло
сланина, исечена на парчиња
гауда или слично сирење
сол, бибер по вкус

Подготовка
Измијте, исчистете и варете ги прокељот во солена вода десет минути.

Исцедете ги сварените кељи и ставете ги во огноотпорен сад за печење. Покријте ги со маслиново масло, сол и бибер по желба.

Рамномерно посипете ја сланината исечена на парчиња и ренданото сирење врз кељот.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете 15 до 20 минути, или додека сирењето не добие убава златно-жолта боја.

ИЗДВОЕНИ