
Шпанскиот гигант, Реал (М), во моментов не планира никакви потези кога е во прашање зимскиот преоден рок, но тоа не значи дека клубот мирува кога станува збор за долгорочните планови.
Во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се размислуваат за следната сезона и можните засилувања во средниот ред.
Иако е познато дека Витиња е идентификуван како примарна цел за во иднина, во Мадрид постои и резервна опција која внимателно се следи.
Таа опција е Родри Ернандез, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, чие име сè уште носи голема почит меѓу челниците на „кралскиот клуб“.
Како што откри новинарот Антон Меана од „Кадена СЕР“, Реал (М) континуирано ги следи настапите на Родри. Целта не е брз потег, туку детална анализа на неговата форма во текот на целата сезона.
Посебен фокус беше ставен на неговата физичка состојба, со оглед на тоа што Родри имаше исклучително тежок ритам во претходните години.
Во Мадрид сакаат да видат дали тој е сè уште на нивото од сезоната во која го освои Европското првенство и „Златната топка“.
Договорот на Родри со Манчестер Сити е до 2027 година, но на „Бернабеу“ се следат сите можни сценарија.
Доколку нема продолжување на соработката со англискиот клуб, или ако Пеп Гвардиола одлучи да го напушти Сити, може да се отвори вратата за потенцијален трансфер.
Флорентино Перез, според истите извори, отсекогаш имал високо мислење за квалитетите на Родри.
Секако, во Реал (М) се сфесни за ризиците. Возраста и евентуалниот пад на физичката сила се фактори што не можат да се игнорираат, без оглед на репутацијата на играчот.
Сепак, ова не го менува фактот дека Реал (М) продолжува да го следи неговиот развој и настапи недела по недела.
Дури и последниот натпревар против Бодо/Глимт, во кој Родри беше исклучен и несмасно учествуваше во голот на противникот, не го промени ставот на скаутите.











