„Бараме итно да се донесат измени на Законот за плати. Ако до крајот на неделата не се изгласаат измените ќе блокираме улици институции и генерален штрајк. Ако не се случи тоа ќе собереме 10 илјади потписи и ќе станеме предлагач и ќе бараме намалување на функционерите плати за 80 отсто и зголемување на работничките плати за 100 евра и минималната на 600 евра. Ако не ги зголемите нашите доаѓаме по вашите плати. Најголемиот дел од вас од наша пот го зголемиле капиталот и живеат во луксуз. Функционерите плати сега ќе се зголемат за најмалку 200 евра. Не го заслужувате луксузот кој ви е даден од работниците. Не дозволуваме некој да добива политички поени на работничкиот труд и работничката мака. Нема да ве молиме ќе се бориме“ порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов од протестот на Сојузот на синдикати во Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и 100 евра линеарно зголемување на сите плати. (А.С.)












