„Ако најдат барем еден мигрант кој што е резултат на некаков договор со Британија или било каков друг договор, јас засекогаш ќе си заминам од политиката“, рече премиерот Христијан Мицкоски и уште еднаш ги демантираше наводите дека Македонија ќе прими мигранти од Британија.
Тој потенцираше дека е подготвен засекогаш за си замине доколку се испостави дека Македонија ќе прими мигранти, но доколку тоа не се случи, побара од опозицискиот лидер Филипче јавно да му се извини.
„Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територијата на цела држава кој што е дел од некаков си договор со Велика Британија, и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политика. Во спротивно, очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат, но ете тие дадоа некаков рок до пролет, па јас им велам до пролет ако најдат еден мигрант кој што е дел од договор со Велика Британија, јас нема повеќе да се занимавам со политика. Во спротивно, очекувам да излезат пред македонската јавност и да се извинат. Мислам дека е фер политика“, рече Мицкоски.












