АКН: Позитивни оценки за работењето на Катастарот во најновиот извештај на Европската комисија

12

Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека добила високи и позитивни оценки за своето работење во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

Во извештајот, како што стои во соопштението, меѓу другото, се наведува дека Катастарската управа воведе нови дигитални услуги за јавноста, со што го намали бројот на нерешени предмети за 20 проценти во споредба со 2024 година и го намали вкупниот број на примени предмети за 10 проценти.

– Регистрацијата на земјиштето и недвижностите е завршена, а ласерското скенирање е имплементирано на национално ниво, го пренесува катастарот делот од Извештајот на ЕК.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски, во пишана изјава  потенцира дека„ ваквата оценка претставува потврда за сериозниот, одговорен и резултатен пристап во работата на институцијата“.

– Ова е јасен показател дека Агенцијата за катастар се движи во вистинска насока. Докажавме дека со посветена работа, ред и професионализам може да се постигнат конкретни резултати. Пред нас стојат уште многу обврски, но оваа оценка е поттик да продолжиме со уште поголем интензитет, изјави директоорт Живковски.

ИЗДВОЕНИ