Акцијата продолжи на национално ниво: Турските власти уапсија уште 125 осомничени членови на Исламска држава

67
EPA/ERDEM SAHIN

Турските власти во понеделник ги продолжија своите операции на национално ниво против осомничени членови на Исламска држава, приведувајќи 125 лица во истовремени рации во 25 провинции, пренесе „Бета“.

Во текот на изминатата недела, полицијата приведе стотици осомничени членови на Исламска држава во рации насочени кон спречување на можни напади за време на божиќните и новогодишните празници.

Осомнени членови на ќелија на терористичката организација отворија оган врз полицијата за време на рацијата во понеделник во северозападната провинција Јалова.

Шест осомничени членови и тројца полицајци беа убиени во судирот, додека осум други полицајци и еден ноќен чувар беа ранети кога безбедносните сили упаднаа во куќа што се користеше како скривалиште. Властите соопштија дека сите милитанти се турски државјани.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека рациите се извршени денес во Истанбул, Анкара, Измир, Бурса и Јалова. Исламска држава изврши серија смртоносни напади во Турција, еден од најсериозните е пукањето во ноќен клуб на новогодишната ноќ во Истанбул во 2017 година, во кое загинаа 39 лица, објави„АП“.

 

ИЗДВОЕНИ