Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека околу 900.000 жители се евакуирани од градот Газа, каде што израелската армија наводно спроведува операции за протерување на борците од палестинското исламистичко движење „Хамас“, пренесе „Бета“.
„Одлуката за окупирање на Газа, уривањето на повеќекатните кули и силата на маневрите на израелските сили во градот доведоа до евакуација на околу 900.000 жители на југ, ставајќи огромен притисок врз Хамас и земјите што го поддржуваат“, рече Кац во говорот во Ерусалим.
Пред почетокот на воените операции, околу еден милион луѓе живееја во градот, според проценките на ОН.